Минчев: Реформата на јавната администрација е реформа на државата

Од:

Министерството за јавна администрација денеска ја промовираше унапредената ИТ алатка за следење на примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

На настанот организиран од Министерството за јавна администрација зборуваа министерот Горан Минчев и Маја Ханџиска Трендафилова – директор на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA.

Министерот Минчев, презентирајќи ги можностите на унапредената алатка, кажа дека реформите во јавната администрација, се и реформа на државата.

Настанот беше организиран за да се информираат сите засегнати страни (јавни институции, приватен сектор, академска заедница и организации од граѓанското општество) за нејзината употреба, значење и придобивки, како и да ги поттикне сите учесници да се вклучат во активна соработка и имплементација.

– Целта е да се подобри квалитетот на услугите и иновациите во јавните институции, како и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на процесите преку дигитализација и интеграција на современи ИТ системи. Овој процес е дел од пошироките напори за реформа на јавната администрација, насочени кон модернизирање на процедурите, поедноставување на услугите, намалување на бирократијата и зголемување на отчетноста кон граѓаните. Примената на иновативни технологии е клучна за подобро управување со ресурси, побрза работа на институциите и поефикасно следење на резултатите, посочуваат од МЈА.

На настанот присуствуваше и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Би можело да ве интересира

Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони

Минчев: Св. Климент Охридски е наш потсетник на заемна поддршка и морални вредности

Минчев: Стоп за партиските вработувања

А1он

Минчев: Департизирана, професионална и европска јавна администрација

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром