Минчев: Модерна, транспарентна и ефикасна администрација е темел за успешно исполнување на европските стандарди

Од:

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на состанок предводен од страна на Претседателот на Владата, проф. др. Христијан Мицкоски, на тема реформската агенда за придвижување на Европските интеграции, на кој присуствуваа и останатите министри од Владата, што уште еднаш го потврдува заедничкиот институционален фокус кон европските реформи.

На состанокот беа разгледани приоритетните мерки кои државата треба да ги спроведе во насока на исполнување на Копенхашките критериуми и унапредување на стандардот на граѓаните.

Министерот Минчев истакна дека реформите во јавната администрација се суштински дел од европската агенда и од целокупниот напредок на државата.

„Модерна, транспарентна и ефикасна администрација е темел за успешно исполнување на европските стандарди и за подобрување на услугите за граѓаните“ – соопшти тој.

Движејќи се по патот на реформите, Владата останува посветена на стабилна економија, владеење на правото и квалитетни јавни услуги, со јасна цел – обезбедување иднина и подобар живот за сите граѓани на Македонија.

Би можело да ве интересира

Минчев: Реформата на јавната администрација е реформа на државата

Катерина Ѓуровски

Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони

Минчев: Св. Климент Охридски е наш потсетник на заемна поддршка и морални вредности

Минчев: Стоп за партиските вработувања

А1он

Минчев: Департизирана, професионална и европска јавна администрација

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он