Минчев: Храброста и идеалите на борците не водат во напорите за градење современа, демократска и праведна држава

Од:

Министерот за јавна администрација Горан Минчев по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните во која порачува дека на денешен ден оддаваме почит на визијата и пожртвуваноста на македонските револуционери кои со својата борба ги поставија темелите на нашата државност и стремежот за слобода, правда и еднаквост.

-Храброста и идеалите на борците од Илинденската и народноослободителната традиција остануваат втемелени во нашето колективно сеќавање и не водат во напорите за градење на современа, демократска и праведна држава, истакнува Минчев.

Тој посочува дека како министер за јавна администрација „силно верува дека токму преку отчетност, професионализам и служба на граѓаните, ја продолжуваме борбата за подобро општество, општество какво што го замислувале нашите предци“.

-Да го одбележиме овој ден со чувство на единство и одговорност кон иднината.Честит Ден на македонската револуционерна борба, наведува министерот Минчев во честитката.

Би можело да ве интересира

Минчев: Реформата на јавната администрација е реформа на државата

Катерина Ѓуровски

Минчев: Подобрениот ПВР процес е основа за поквалитетни закони

Минчев: Св. Климент Охридски е наш потсетник на заемна поддршка и морални вредности

Минчев: Стоп за партиските вработувања

А1он

Минчев: Департизирана, професионална и европска јавна администрација

Минчев: Граѓаните го препознаа нашиот концепт на чесна, директна и народна политика

А1он