Минатата недела 1.085 новозаболени лица од грип

Од:

Грипот зема замав во земјава. Според податоците на Институтот за јавно здравје, минатата недела се пријавени 1.085  новозаболени лица од грип и на грип слични заболувања, што е зголемување за 70% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 637 заболени лица.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 1.919 случаи, постои намалување на бројот на заболени за 9%.

Минатата недела најголем број заболени – 699 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 71,7/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Оваа недела најголем број заболени лица (n=292) и највисока инциденца (243,8/100.000 жители) се пријавени од подрачјето на Гостивар.

Досега во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 3.478 (I=168,1/100.000). Регистрираниот број на случаи е повеќекратно помал споредено со истиот период од минатата сезона (32.934).

Досега, најголем број на заболени лица – 887 се регистрирани во Гостивар и 413 во ЦЈЗ Тетово, а највисока инциденцата од  1.091,7 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Дебар.  Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, кумулативно најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 2.307 случаи (66%), а највисока кумулативна инциденца од 207,4/100.000 се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР

Минатата недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ тестиран е 21 материјал за грип. Од тестираните материјали, 8 се позитивен за присуство на вирусот на инфлуенца – 5 Influenza B (Yamagata) и 3 Influenza A(H1N1)pdm.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во ИЈЗ пристигнати се вкупно 132 хумани материјали од здравствените установи од кои 21 (15,9%) се позитивни за присуство на вирусот на инфлуенца, од кои 9 се Influenza A (8 суптипизирани како А(H1N1)pdm и еден А несуптипизиран), а 12 се Influenza B (Yamagata).

 ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација во јавните здравствени установи, за оваа сезона беа 27.997 дози на вакцина.

Искористени се сите набавени вакцини – вакцинацијата против сезонски грип е завршена на територијата на РМ. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 60,5%. Од вкупниот број вакцинирани, 75,2% се со историја на хронично/и заболување/а.

 ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe за состојбата со грип во сезоната 2017/2018 во Европа, се регистрира широка распространетост на активноста на вирусот на грип во најголем дел од земјите од регионот, а се зголемува во земјите од источниот дел од континетот. Низок интензитет на активност се регистрира во 21 земја, среден во 16, а во 5 (Италија, Ирска, Луксембург, Малта и Шпанија) се регистрира висок интензитет на активност на активност на вирусот на грип. Во однос на географската распространетост, во 7 земји се регистрира спорадична, во 4 локална, во 7 регионална и во 22 широка распространетост.

Врз основа на податоците доставени до EuroMOMO, во текот на изминатите недели се зголеми смртноста кај старите лица, особено во земјите од јужниот дел од Европа и Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела