Милошев: Штипски професори на родителски средби делат флаери од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Без ниту тронка срам, владеачката ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубо кршење на изборниот закон. Партиски послушници на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во основните училишта, чија компетентност се ценеше само преку поседување на партиската книшка, се дрзнуваат да делат пропаганден материјал во училиштето за време на родителските средби, Владимир Милошев, претседател на СДСМ Штип и кандидат за пратеник.

Памфлети со отчет за сработеното од страна на владата биле делени на родителите, на одржаните родителски состаноци.

Ова е спротивно на Законот за избори како и на Законот за вработени во јавниот сектор во кои децидно стои дека во тек на работното време, вработените во државните институции не смеат директно да учествуваат во изборни активности или други јавни настапи од таков вид.
Ова преставува сериозно кривично дело и за ова ќе се одговара. За ВМРО ДПМНЕ ниту најмалите, нашите деца немаат вредност.

СДСМ на граѓаните им нуди план кој ќе овозможи наставниците и професорите да бидат ослободени од партиските стеги и целосно посветени на своја работа и креативност.

-ќе ги наградиме најдобрите основни и средни училишта и ќе ја покачиме платата на најдобрите наставници и професори за 20%;

-ќе ја намалиме административната работа на наставниците и професорите;

-фондот на часови за професорите и наставниците со стаж над 20 години ќе биде намален и ќе имаат можност да станат ментори;

-екстерното тестирање веднаш по превземањето на власта ќе биде укинато;

-Социјалдемократскиот сојуз ќе го зајакне капацитетот на професорскиот кадар и ќе го поддржи развојот на Универзитетот „Гоце Делчев“;

На 11 декември граѓаните ќе направат избор кој нуди вистински план за Македонија!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија