Мики Пецов го фати крстот во Кочанска река

Од:

Мики Пецов прв стигна до крстот во Кочанска река што беше положен денеска по повод Водици.

– Среќен сум што годинава јасо го извадив крстот од осветените води на Кочанска река. Очекувам годинава да ме прати среќа, да имам успех во животот и учењето, а среќа да имаме и дома, заедно со родителите, изјави Пецов кој е од Кочани и првпат го фаќа светиот богојавленски крст.

Пецов доби ЛЦД телевизор од компанијата Зегин, златник од градоначалникот Ратко Димитровски и Библија од црковниот храм „Св.Великомаченик Горги“ од Кочани.

За фаќање на крстот во Кочани се пријавија триесетина млади. Поздравувајки ги верниците кои присиствуваа на богојавленската свеченост, митрополитот Брегалнички г. Иларион им посака добро здравје, берикет и успех во живот.

Богојавленски крст се потопуваше и во водите на Зрновска река, во општина Зрновци, како и во река Брегалница кај село Теранци во општина Чешиново Облешево.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје