Мицотакис нема да присуствува на Меѓународната конференција на Ципрас и Заев

Од:

Премиерот нема да присуствува на конкретната иницијатива, кусо одговори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарско прашање на денешниот брифинг со новинарите за тоа дали евентуално грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис би присуствувал на дводневната Меѓународна конференција што ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вчерашната средба на претседателката Сиљановска Давкова со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот за мир во Швајцарија, владиниот портпарол рече дека „не постои нешто повеќе што можеме да кажеме“ и уште еднаш ги повтори грчките позиции во однос на нашата земја.

-Многу пати ги имаме повторено нашите позиции и потребата и Северна Македонија да го почитува она што е изгласано и ратификувано и покрај нашите искажани приговори кога имавме можност да го сториме тоа пред гласањето на Договорот од Преспа. Очекуваме да видиме опипливи потези и овде сме да ги коментираме, рече Маринакис

Претседателката, вчера на Фејсбук објави дека имала средби за запознавање со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и на Бугарија, Димитар Главчев.

-Со нетрпение очекувам да се вклучиме во продуктивни дискусии со нив во корист на нашите држави и регионот. Мора да соработуваме и да ги подобриме меѓусоседските односи, напиша претседателката.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Скопје да сфати дека не може да си игра со Атина за прашањето со името

Горан Наумовски

Грција: Партијата на премиерот Мицотакис освои најмногу гласови на изборите за ЕП

Мицотакис: Договорот од Преспа и ерга омнес името Северна Македонија беше основниот предуслов земјата да влезе во НАТО

Предраг Петровиќ

Мицотакис: Новиот премиер јасно да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, во спротивно може да има „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот

Мицкоски: За мене Македонија ќе е секогаш Македонија, а во правните документи се почитува Преспанскиот договор

Мицотакис очекува Мицкоски да користи Северна Македонија „ерга омнес“, а прашањето ќе го покренел и на НАТО Самитот