Мицкоски: Заедничко ДУИ и СДС се лажењето, крадењето и лошите политики, треба да се промени владата

Од:

Јас не би сакал да коментирам други политички партии бидејќи мислам дека тоа е нивна внатрешна и автентична работа. Се надевам дека набргу ќе ги надминат недоразбирањата кои ги имаат и дека ДУИ ќе биде политичка партија која ќе работи во интерес на граѓаните на Македонија, а не за сопствен, личен и партиски интерес, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање пред денешната промоција на весникот на УМС „Мегафон“.

Мицкоски посочи дека она што е заеднички именител за ДУИ и СДС во овој момент се лажењето, крадењето и лошите политики и дека на Македонија и е потребна нова влада.

– Се надевам дека овие случувања таму тие ќе излезат поспремни и поамбициозни да работат навистина за граѓаните на Македонија без разлика дали тие граѓани се од опозицијата или власта, или без разлика дали се партиски определени или не, дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и останати, важно е во овие тешки времиња на граѓаните да им понудиме решенија за напластените проблемите, а такви ги има многу, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека треба да се промени владата, парцијални промени во влада не се решение за проблемите.

– Колку побргу владата се промени и дојде нова влада која ќе го има народниот легитимитет, толку побргу на Македонија ќе и тргне, изјави Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски