Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници за 33 општини, до средината на јули ќе се знаат и имињата на останатите кандидати

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ синоќа е донесеа одлука за осум нови кандидати за градоначалници, како што рече, според негово убедување и идни градоначалници.

ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски, досега објави 33 кандидати за градоначалници, а во моментов се прават мерења за уште 17 општини. Очекува бројката за кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори да биде заокружена до средината на јули.

– Практично сите општини да ги добијат имињата на кандидатите. Исто така дел од кандидатите што ќе ги поддржиме уште во првиот круг се кандидати од коалициските партнери, коишто доаѓаат како од ВМРО-ДПМНЕ. Но и во рамки на внатрешната коалиција за да видиме како ќе се покажат мерењата на јавно мислење, така што и доколку и таму имаме одредени потенцијали, коишто се над капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, ние немаме проблем како политичка партија да ги поддржиме. Така што очекувам целокупниот овој процес да се комплетира некаде крајот на првата половина на јули месец – изјави Мицкоски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одлучи и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски да биде претседател на Републичкиот изборен штаб, којшто ќе ја води кампањата за локалните избори.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски