А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Мицкоски: Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција

by А1он19/01/2019 - 10:35248
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици до членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората

Добивај вести на вибер

„Славејќи го Исусовото крштевање го прославуваме нашето духовното раѓање и почеток на човековото живеење во верата и богоугодниот пат. Со празнување на овој свет ден и празник се продолжува негувањето на нашата традиција и се потврдува нашата верба и почитување на традиционалните вредности кои се дел од нашето општество и дел од секој граѓанин.

Мирот, среќата, радоста, здравјето, добрината, хуманоста да надвладеат на овој ден и во текот на целата година кај секој граѓанин. Заедно да се стремиме да ја постигнеме нашата конечна цел за поуспешна Република Македонија во која ќе живеат задоволни граѓани. Овој ден да е поттик да го сочуваме она што го имаме, нашата татковина, нашето име, јазик, култура и идентитет, а со тоа да го зацврстиме единството и да продолжиме да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество.

Денес нашата држава се соочува со тешки предизвици, со променето име, идентитет, со менување на карактерот на државата, со погазено достоинство, со економска сиромаштија. Сето ова мора да се смени. Поразите да бидат заменети со победи, исправени и обединети да ги смениме работите.

Во духот на овој голем празник да го поттикнеме најдоброто од нас и искрено да си посакаме во нашите срца да се всели мирот и разбирањето.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

БОГ СЕ ЈАВИ!

НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!“, стои во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

vodici

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:2020/01/2026 - 14:21

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски19/01/2026 - 11:0919/01/2026 - 11:16

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Горан Наумовски19/01/2026 - 11:05

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Горан Наумовски19/01/2026 - 10:44

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Горан Наумовски16/01/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен