Мицкоски: Со црвените линии за Бугарија, Филипче подготвува ново предавство

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.

Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.

„Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото“, истакна Мицкоски.

Затоа Мицкоски порача дека на овие избори мора да се излезе масовно и во огромен број и да се изрази волјата јасно, дека народот владее во оваа држава а е тесните клики кои владеењето го гледаат само преку призмата на наместени тендери.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат