Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти. Тој најави дека следната недела се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Таравaри, на која ќе биде сумирано се што е направено.

– Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која ќе сумираме што е тоа што е направено. Јас можам да му посакам пред се добро здравје, тоа е она кое на сите нас ни е најважно, изјави денеска Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека станува збор за одлука на Таравари да се врати со Али Ахмети, но не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од Владата.

– Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука. Убеден сум дека тоа е одлука на малкумина, не е одлука на членството на Алијанса за Албанците и на голем дел од луѓето кои што се дел од оваа Влада. Чесно беше и доблесно самиот тоа да го направи, да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но полека но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои што повеќе од две децении ја пустошеа, ја криминализираа, ја ограбуваа, ја фрлија Македонија на колена, рече Мицкоски.

На прашање дали разговара со други партии за влез во Владата, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата е стабилна и има силно мнозинство во Парламентот.

– Очекувам оваа недела да имаме едно завршно кафе пиење со Таравaри. Јас ќе го поканам се разбира. Владата е стабилна, цврста и има силно мнозинство во Парламентот, за да продолжи со реформскиот процес, со процесот на проекти и со испорака за граѓаните, тоа што граѓаните го очекуваат од нас, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Поради вештачки спорови, две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски: во Брисел ги повторивме нашите позиции за Македонија

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

Мемов удри по ВРЕДИ: Го изигравте Орце и Мицкоски го знае тоа

Мицкоски: Кога останувате дома, дозволувате некој друг да одлучува за вашата иднина

А1он

Мицкоски: Карпошани на овие избори избрале да не поддржат човек кој е на црната листа на стратешкиот партнер САД

Горан Наумовски