Мицкоски: Сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена – ако е цената асимилација, не фала, не сакам

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево изјави дека е подготвен заедно со Бугарија, преку бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која, рече, јасно ќе стои македонскиот многувековен посебен идентитет и јазик … и да почнеме да испорачуваме“.

Според него, предлозите сегашен“ и модерен“ не се ништо освен асимилација.

– Ако е цената e асимилација, не фала, не сакам. Како да бидам политички аналфабет, како некој пред мене, и да прифатам нешто без да знам дека на крајот ќе има јасен крај. Како ќе излезам пред граѓаните? Јас не сакам да ја платам таа цена, мислам дека е преголема, без да има испорака од двете страни. Јас сум политичар со легитимитет добиен од граѓаните … Сите сме за ЕУ и сите сакаме да бидеме во ЕУ, но не по секоја цена. Овој народ и оваа држава дала премногу како никој друг и на граѓаните им е преку глава од таков тип политика сега или никогаш“ … Се менува нашиот идентитет, од знамето до името, тоа е дел од основните темелни вредности на еден идентитет, атрибути коишто го дефинираат еден идентитет. Една по една, се менуваат – рече Мицкоски.

Според него, не е суштина вметнувањето неколку стотици граѓани во Уставот и дека во многу посети негови во Брисел, и во поранешниот и сегашниот состав во телата на ЕУ, се обидувал, рече, да им ја претстави суштината на проблемот и дека тој трае со децении.

– Секогаш сум им велел да направивме елементарен чекор да се обидеме во Европарламентот со мнозинство гласови да донесе одлука или резолуција, или ќе биде дел од извештај, со кој јасно ќе се признае како посебен македонски јазик и идентитет … Она што можеше Европа да види дека не е само промена на Уставот единствено нешто да направиме за да може да продолжиме, впрочем многу влијателни фигури во Бугарија тоа го кажуваат, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Независноста е аманет од нашите предци, но и завет пред идните генерации

Горан Наумовски

Мицкоски: Обновената музејска поставка во Археолошкиот музеј е потврда дека земјава има длабоки корени и јасна визија за иднината

Мицкоски: Пуштањето на дел од делницата Кичево – Охрид е силен доказ дека Македонија

Мицкоски: Ја стабилизираме економијата

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Мицкоски го искара Касами: Да не влегува во фолклорот на ДУИ, туку да зборува за проекти

Катерина Ѓуровски