Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост за несреќата во Нови Сад: Секој изгубен живот остава трага во нашето општество

Од:

„Со длабока тага и сочувство, денес се потпишувам во Книгата на жалост во Амбасадата на Република Србија во Скопје, изразувајќи најискрено сочувство до семејствата на жртвите од трагичниот настан во Нови Сад. Оваа несреќа ни ги зближи срцата во заедничка болка, не само поради фактот дека меѓу жртвите има и македонски граѓанин“ напиша денеска меѓудругото во Книгата на жалост во српската амбасада во Скопје македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Тој на Фејсбук напиша „Во име на Владата и на сите наши граѓани, изразувам солидарност и поддршка за српскиот народ и за сите погодени од оваа трагедија. Нашите мисли и молитви се со вас, верувајќи дека соработката и блискоста меѓу нашите народи ќе ни помогнат заеднички да ги пребродиме овие тешки моменти“.

„Секој изгубен живот остава трага во нашето општество, а ние, како Влада, стоиме рамо до рамо со нашите соседи, со надеж дека ќе можеме да го надминеме овој тежок период“ стои во пораката на премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски