Мицкоски: Рекордни бројки во тутунот и лозарството, инвестициите во земјоделството продолжуваат

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека оваа Влада овозможила голем напредок во сите области на земјоделството, како зголемување на акумулациите, исплата на субвенциите, исплата на платите во јавните претпријатија, зголемување на цената на тутунот и количината на откупен тутун, како и зголемување на бројките во лозарството. Политиките на Владата, додаде тој, ќе продолжат во истата насока со цел натамошно унапредување на состојбите во овој сектор.

– Не треба да заборавиме дека акумулациите коишто се користат за наводнување на земјоделските посеви во август 2024-та беа полни осум отсто. Денеска се над 70 проценти. Со домаќинско работење и со начин на којшто оваа Влада функционира, речиси деветпати, десетпати е зголемен капацитетот на акумулациите. Исто така, треба да се спомене дека три плати не им беа исплатени на вработените во водостопанство и национални шуми. Кога зборуваме и кога критикуваме, особено ова се однесува на опозицијата, мора да направиме и една ретроспектива како беше, затоа што вие морате да компарирате нешто со нешто, не можете на чувства да зборувате, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на општина Илинден.

Потенцира дека исто така се доцнело со субвенциите и тоа отприлика две годишни програми.

– Сето тоа создаваше еден немир, една неизвесност. Денеска состојбата е сосема поинаква, се одблокира практично кредитот од KFW Банката од 80 милиони евра за средства коишто ќе се користат за три нови проекти во делот на наводнувањето. Мислам дека со проектот Страиште веќе почнуваме да го подготвуваме и тендерот и почнуваме со негова изработка. Зборувам за проект за којшто граѓаните на Македонија седум години плаќаат камата, а ништо не се правело. Сега веќе почнуваме сето тоа да го операционализираме, рече Мицкоски.

​Кога сето ова ќе се земе предвид, вели премиерот, може да каже дека има исклучително голем напредок споредено со состојбата што ја наследиле.

– Некој од опозицијата ќе рече „добро, тогаш беше така, ние ги изгубивме изборите“, ама ние мора да се споредиме со некого. Ние мора да кажеме како не чинело и како е сега, за да видиме како да биде подобро. ​Така што, овие политики на оваа Влада ќе продолжат и во таа насока, рече Мицкоски.

Тој посочи дека унапредување има и во делот на лозарството и кај делот на тутунот.

– Од шеснаесетина милиони килограми тутун дојдовме до 26 милиони килограми. Од цени од 150-160 денари дојдовме до 420-430 денари за килограм. Кај лозарството, исто така, од шеесетина-седумдесетина милиони килограми дојдовме на 120 како што очекуваме оваа година да биде родот, 120 милиони килограми. ​Ова се егзактни параметри. И ова се бројки коишто не може никој да ги оспори. Можат само, се разбира, залутани квази-експерти во фелата да кажуваат поинакви параметри, рече премиерот Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Следната недела очекувам поголемо намалување на цената на дизелот и бензините

Горан Наумовски

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ветуваше економска стабилност, а сега позајмува од М-НАВ и МЕПСО

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него