Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија

Од:

Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија.

На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и за следните чекори во спроведувањето на реформската агенда.

– Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе целосно реализирани, а други напредуваат побргу од планираното. Ова одразува силна политичка посветеност, подобрена институционална координација и јасен фокус на резултати – пишува Мицкоски.

Во јавните финансии, додава, ги зајакнуваме отчетноста и транспарентноста.

– Институциите повеќе известуваат, посистематски управуваат со ризиците и применуваат построги контроли врз јавната потрошувачка. Во исто време, го модернизираме буџетскиот систем и го подобруваме планирањето и следењето на јавните инвестиции. Пораката е едноставна: јавните средства се управуваат поодговорно и поефикасно, посочува премиерот.

Овие реформи, нагласува, не се изолирани активности. Тие се дел од поширока трансформација. Тие ја приближуваат нашата економија до Единствениот пазар на ЕУ.

-Тие ги зајакнуваат институциите во согласност со европските стандарди, и носат конкретни резултати за граѓаните и бизнисите. Остануваме целосно усогласени со Европската Унија, политички, економски и стратешки, додава Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on