Мицкоски: Продолжуваме со нашите сојузници да сме посветени на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право

Од:

За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата, најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја. Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, изјави денеска во Вашингтон македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Како малоброен народ сакаме да потврдиме дека она кое што за нас е важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања ги донесеме најзначајните одлуки, кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади. И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и македонските граѓани. Она кое што исто така сакам да го потврдам, е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто кое што е многу важно, бидејќи само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата Светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините