(ВИДЕО) Мицкоски по средбата со Коалицијата: Ќе победиме убедливо

Од:

Коалицијата „За подобра Македонија“ по средбата со ВМРО-ДПМНЕ со одлука да ја даде поддршката и комплетно да застане зад претседателскиот кандидат професорката Гордана Силјановска Давкова.

-Ние цврсто веруваме и врз основа на целокупната онаа навигација која што ја добиваме од терен, врз основа на сите оние мерливи мерења на јавното мислење дека иден претседател на Република Македонија е професорката Гордана Силјановска Давкова.

Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Република Македонија, Македонците, Србите, Босанците, Турците, Ромите, Власите и сите останати да ни се придружат и да застанат со нас на 21-ви април масовно да излезат на гласање, да го поддржат кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“, професорката Гордана Силјановска Давкова да ја подотворат вратата за пораз на заевизмот кој што како ментална матрица во последно време во Република Македонија зафаќа размери. А, на тој начин да се подотвори вратата и за организирање на предвремени парламентарни избори во кои што јас сум цврсто убеден, а и ние како Коалиција „За подобра Македонија“ дека ќе го поразиме и трајно ќе го испратиме на темната страна на историјата заевизмот во Република Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите

А1он

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации