Мицкоски: По општинските комитети, следува освежување и во останатите структури на партијата

Од:

Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски најави дека најдоцна до следната недела ќе има ново кадровско освежување и во останатите структури на партијата.

– Покрај новиот состав на ИК, новите претседатели на општинските комитети, ќе дојдат и освежувања во другите структури на партијата, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, Патриотскиот институт. Остануваат мали финеси кои што ќе треба да се доусогласат. Јас очекувам најдоцна следната недела и тоа да го завршиме, кажа Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски ќе се жали во НАТО за Ива, а молчи за Груевски и не бара екстрадиција

Мицкоски: Михаилова е нелегално пренесена во Бугарија, кога-тогаш таа и татко ѝ ќе одговараат

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра