Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

Од:

Околу 6.000 лица се ангажирани со договори на дело, преку временски вработувања и други форми на договорен ангажман, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на бројот на лицата на кои се однесува предложеното законско решение за трансформација во редовен работен однос.

Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време за лицата во институциите опфатени со законот.

Предлог-законот предвидува конкретни рокови за реализација на процесот, заштита на лицата додека трае постапката, ограничување на идните договорни ангажмани и финансиска контрола на целиот процес. Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата. Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување.

Трансформацијата ќе се реализира фазно, при што за најмногу 50 проценти од опфатените лица договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, односно донесување, а за преостанатите најдоцна до 31 декември 2027 година.

Од опфатот на предложениот закон се изземени акционерските друштва, воениот и цивилниот персонал на служба во Армијата при Министерството за одбрана, основните и средните училишта, ученичките и студентските домови, високообразовните и научните установи, како и повеќе безбедносни институции.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

(ВИДЕО) Мицкоски: Сите реформи од Реформската агенда ќе бидат завршени до декември

Мицкоски: Растот на индустрискиот промет и извозот се охрабрувачки сигнали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

Мицкоски: Предвремени парламентарни избори ѝ одговараат на ВМРО-ДПМНЕ, но не се добри за државата