Мицкоски: Очекувам граѓаните во Бугарија да изберат премиер фокусиран на добрососедските односи

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека на граѓаните во Бугарија на денешните парламентарни избори ќе изберат премиер, кој ќе биде проевропски ориентиран, насочен кон добрососедските односи, наместо кон билатерални прашања и посветен на темелните европски вредности.

-Очекувам дека граѓаните во Бугарија, кои гласаат во Бугарија ќе изберат премиер, односно претседател на Владата, кој ќе биде јасно проевропски ориентиран, подобро соседски ориентиран, наместо на билатералните прашања ќе се посвети на вистинските европски темелни вредности, дефинирани од Аденауер, Шуман и Де Гаспер многу одамна и дека како земја-членка на ЕУ ќе биде вистински промотор на копенхагенските критериуми, а не на билатерални спорови, кои сега треба да дадат одговор на прашања, кои се од средниот век, рече Мицкоски на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со очекувањата од парламентарните избори во Бугарија, каде денеска граѓаните гласаат за избор на 52. состав на Народното собрание.

Премиерот истакна дека е и благо разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 покажале интерес за учествуваат на изборите.

-Благо сум разочаран поради нискиот одзив на македонските Бугари, бидејќи само 250 македонски Бугари се заинтересирани да учествуваат на овие избори од оние според Радев и луѓето околу, 200.000. Очекував излезеноста да биде малку поголема, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Слободата што ја добивме е обврска кон идните генерации

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Горан Наумовски

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски