Мицкоски не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата.

– Очекувам по овие локални избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и оној кој ја следи политиката ќе рече дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе има силна победа, посилна од таа, барем така зборуваат, во 2021 година и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме-ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да знаете што можете да очекувате, па дури потоа се обидуваме да го ставиме тој наш политички интерес. Но, ќе видиме. Прво да се случат работите, па потоа ќе носиме одлуки, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум во Струмица, на кој присуствуваа стопанственици од регионот, како и министри од владиниот кабинет.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски