Мицкоски: Наредниот повик на Владата за општините ќе биде објавен во февруари-март

Од:

Наредниот повик на Владата за поддршка на општините ќе биде објавен во февруари или март наредната година, во зависност од подготвеноста на општините изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по одржувањето на годишната конференција на граѓански организации: „Соработка меѓу Владата и граѓанското општество“ која се одржа во Скопје. За општините, олеснувања се и донесените измени на законот за градежно земјиште со што ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии при изградба на училишта и градинки.

– Донесовме закон во парламентот, измени во законот за градежно земјиште каде што сите оние јавни објекти како што се градинки, училишта кои се сопственост на државата ќе бидат ослободени од плаќање на комуналии. Имаше случаи во Скопје, градот Скопје, знаете таму состојбата каква е да го издолжува периодот, да не ги ослободува општините во Скопје од комуналии, па тие не може да отпочнат со градба на градинки, училишта итн. и сега со овој закон и таа пречка е отстранета, изјави, премиерот.

Со донесените измени, посочи претседателот на Владата, очекува да се градат градинки, училишта и да се воведе едносменско учење што е дополнителна вредност и за родителите и за учениците. Едносменското учење во основните училишта, што е владина определба, смета премиерот ќе овозможи поголема сигурност за родителите и е добра можност за учениците да стекнат нови пријателства, да другаруваат и да разменуваат знаења.

– Тоа значи ќе мода да има градежни интервенции во некои училишта каде има двосменско работење во некои од општините, не во сите и сега ако сè уште ние бевме заложници на однесувањето на Градот Скопје и на поединци таму, тогаш ќе требаше оваа политика којашто е додадена вредност за родителите и за децата да почека. Но, еве и тоа се надмина и мислам дека добро одат работите, изјави премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски