Мицкоски на средба со унгарскиот амбасадор Клајн: Власта нема слух за решението што и го нудеме за енергетската криза

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Република Унгарија во Македонија, Андраш Клајн. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба, како и за енергетската криза и потребата од одржување на предвремени парламентарни избори информираат од партијата.

– Претседателот Мицкоски потенцираше дека државата покрај економската криза се соочува и со енергетска криза, укажувајќи дека поради немање слух, неспособност и негрижа од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, граѓаните дополнително се соочуваат и со енергетска криза. Мицкоски го информираше амбасадорот Клајн за планот за справување со енергетската криза кој што ВМРО-ДПМНЕ го понуди на власта, бидејќи тие не ги преземаат потребните чекори за навремено обезбедување на јаглен, мазут, гас, нафта и нафтени деривати, додавајќи дека доколку се прифати овој предлог од страна на Владата, тогаш стопанството и граѓаните ќе плаќаат дупло поевтина струја, а скопјани ќе имаат навремено и евтино греење. Власта повеќе нема кредибилитет да управува затоа што ја води државата и граѓаните во економска неизвесност и катастрофа, посочи тој се вели во соопштенето од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Мицкоски: Македонскиот народ ја бранел вратата на Европа со векови, но никогаш не коленичел

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Владата нема да набавува нов авион: Ќе се молиме да останеме живи, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски