Мицкоски: На реториката на ДУИ не треба да ѝ се дава значење

Од:

Премиерот Мицкоски порача до пошироката јавност и медиумите да не ѝ придаваат важност на реториката со која се служи ДУИ. Тој изјави дека таа ќе биде уште пожестока во периодот што следи, во одговорот на новинарско прашање, за коментар околу последното соопштение во кое се наведува дека актуелната владина коалиција врши егзодус на Албанците од државните институции.

Тој смета дека со придавање на значење на таквата реторика, тоа не носи добро на граѓаните.

– Ова ги иритира и граѓаните и нашите партнери во меѓународната заедница. Ова работа не треба да се поедноставува. Има случаи во МВР на припадници на одредени политички партии и со различна етничка припадност ја злоупотребиле својата положба и незаконски издавале дозволи за оружје и друг тип на документи. Нормално, тие се санкционирани, рече премиерот.

Тој очекува негативната реторика да се засилува, да биде пожестока и поиредентистичка.

– Како што ќе стигнуваме поблиску до криминалците, таа реторика ќе биде пожестока и позасилена. Со првите притворувања и судски процеси овие напади ќе бидат уште позасилени. Ова е борба со криминалот која претходно ја најавив. Некои работи, можеби поспоро одат, но правдата е спора, но доаѓа, рече Мицкоски.

Тој смета дека во ДУИ за да ги заштитат имотите кои ги стекнале нивни членови или блиски до партијата ја користат оваа алатка и побара да се не дава значење во јавноста.

Мицкоски смета дека владеењето на ДУИ во изминативе две децении придонело до иселување на 150 илјади етнички Албанци од земјава.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Мицкоски на конгрес на Европската народна партија

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат