Мицкоски: Курбан Бајрам е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба

Од:

Дозволете ми во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на исламската вероисповед да им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам. На сите што го празнувате овој голем празник ви посакувам многу здравје, среќа и нека празничните мигови ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските. Курбан Бајрам да го поминете во духот на дарежливоста, помагањето и споделувањето на оние кои им е потребна помош истакнувајќи ја човечката хуманост и грижливост во овие прaзнични денови, се вели во честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод празникот Курбан Бајрам.

– Овој голем празник е потсетник на човечкото постоење, како и на големото значење на меѓусебната доверба, разбирање и толеранција како суштински услови за соживот и мир. Затоа ве повикувам сите заедно да започнеме, надминувајќи ги заеднички сите проблеми, да ја градиме Македонија врз европски вредности и принципи.

Дојде време заеднички да изградиме поцврсти темели за подобар животен стандард за секој еден граѓанин без разлика на неговата етничка или верска припадност, темели за развој и просперитет на нашата држава. Сите обединети сплотени да изградиме држава каде што ќе има хармонија и напредок, економски просперитетна Македонија. Нека е честит големиот празник Курбан Бајрам, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори