Мицкоски: Ќе поднесам тужба за монструозните обвинувања на Петровска

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со жалање го прочитал статусот на поранешната министерка Славјанка Петровска во кој таа упати обвинувања на негова сметка.

„Не е прв пат госпоѓицата Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици и конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест. Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба, затоа што би сакал органите, судот, до крај да го расветлат ова и да видат со какви докази располага госпоѓицата Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства.

Сепак јас имам семејство, моето семејство функционира низ градот и не би сакал да се најде во непријатна состојба“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање.

Тој посочи дека Петровска се обидува политички да спечали напаѓајќи го него лично и преку тоа и неговото семејство и најави дека во деновите кои следат ќе биде поднесена тужбата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител