Мицкоски: Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме

Од:

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат. Има разлика. Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат, пишува на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

„Директорот Бобан Николовски ме извести дека во месец Јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи. За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петрова наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство. Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Граѓаните гледаат кој како работи и во согласност со тоа ја даваат подршката на избори

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба, да вложуваме во заедничка иднина

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски