Мицкоски и Мацут на средба во Скопје: Ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан

Од:

Гасното и коридорското поврзување меѓу Македонија и Србија, е темата на која премиерот Христијан Мицкоски разговарал на денешната средба со премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут кој престојува во официјална посета на нашата земја.

-Разговаравме за гасно и коридорско поврзување, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Уверени сме дека заедничките проекти ќе придонесат за посилни врски и подобра иднина за нашите граѓани, напиша премиерот на неговиот Фејсбук профил.

Од владината прес-служба информираат дека двајцата премиери разговарале и за унапредување на билатералните односи, економската соработка и инфраструктурното поврзување.

Акцент бил ставен и на трговската размена, заедничките енергетски проекти и олеснувањето на движењето на луѓе и стоки.

Премиерот Мицкоски истакнал дека Србија е искрен партнер и пријател, со кого ја споделуваме визијата за стабилен, безбеден и просперитетен Балкан.

Премиерот Мацут изразил поддршка за реформските процеси во државата и нагласи дека Белград и Скопје ќе продолжат да соработуваат на заеднички проекти кои се во интерес на граѓаните на двете земји. Двете страни се согласиле дека продлабочувањето на пријателските врски меѓу двете држави претставува значаен придонес за регионалната стабилност и европската перспектива на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Антимон од рудник во кривопланечко ќе се извезува во САД, најави премиерот

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги информиравме сојузниците во НАТО и ЕУ за обид за дестабилизација од опозицијата на протестот на студентите

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Мицкоски: Македонија е отворена за инвестиции и партнерства, нуди поволни услови и квалификувана работна сила

А1он

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство пред останатите политички партии

А1он