Мицкоски ги демантира обвинувањата на Филипче за феудализам

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче дека Владата вовела феудализам како економски модел, односно дека крупниот капитал им е поважен од работниците. Според премиерот, доколку некој се однесува феудално, тогаш тоа е претседателот на СДСМ кој, како што рече, сè уште нема избрано органи на партијата.

– Доколку некој се однесува феудално, тогаш тој се однесува бидејќи ние сè уште не сме добиле информација дали има извршен одбор на таа партија после два и пол месеци. Но, тоа ќе го оставам тие да си го решат, тоа е сепак нивно прашање, јас не сакам да се мешам, рече Мицкоски во изјава за медиумите по пуштањето во употреба на доградбата на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Денеска на владина седница, како што најави, ќе поминат договорите за развој на стопанството и на општините.

– Денеска на владина седница ќе помине договорот за развој за стопанството 250 милиони евра, 230 милиони евра за општините и половина милијарда евра за да можеме на 25 јануари да ја платиме еврообврзницата што ја земале 2017 година. Да вратиме нивен долг, изјави Мицкоски.

На прашањето дали сè уште стојат на ставот да се одземат ингеренциите на Градот за справување со хигиената, одговори дека доколку мора, тие ќе го решат проблемот.

– Доколку гледаме дека некој што е одговорен не го решава проблемот, мора ние да го решиме. Не сакаме да примениме инвазивен метод, но, доколку мора, нема да биде тешко да го направиме, рече премиерот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Сопственикот на илегалната дрога, рамо до рамо со Венко Филипче, јасно е кој седи позади дрогата

Горан Наумовски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати