Мицкоски: ДУИ ја дефокусира јавноста, сака да го заштити капиталот кој е криминално стекнат

Од:

Владата нема да дозволи дефокусирање на јавноста од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), која сака да го заштити капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат.

Фокусирани сме за развој на државата и инвестиции, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по поставувањето камен темелник за изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Според премиерот, стратегијата на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција, како што рече, откако стига од секаде од светот потврда за нивното криминално однесување е да се обидат да ја дефокусираат јавноста и да свртат тема која генерално ќе има цел да го поларизира населението, по можност и етнички.

– Тоа нема да го дозволиме како Влада. Стигаат потврдите за криминалното однесување на оваа политичка структура и гарнитура изминатите 20-тина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив на актуелното раководство на ДУИ дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат, повеќе се грижат да го заштитат капиталот за кој постои основано сомнение дека е криминално стекнат, нагласи Мицкоски.

Во однос на барањето на ДУИ за предвремени Парламентарни избори, тој посочи дека за девет месеци ќе почне кампања за локални избори на која граѓаните ќе можат да го кажат својот збор.

– Доколку оваа Влада ја поразат на тие избори, логично е да има предвремени Парламентарни избори после тоа. Да не ни се случува како во 2021 година. Но, доколку оваа Влада ги порази сегашните опозициски политички партии на локалните избори тогаш очекуваме конечно да се посветат на самите себе. Да се реструктуираат кадровски и програмски да се освежат и да може на следните редовни парламентарни избори да излезат со нова програма и нови кадровски решенија, порача Мицкоски од Кичево

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наметнатиот билатерален спор нема да ја запре европската агенда

Мицкоски: Приоритет ни се реформите и проектите, не изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на големи и крупни чекори

Мицкоски за Божик: Силата на државата започнува од домот, да градиме иднина за нашите деца

А1он

Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акција на САД, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски