Мицкоски: Да нема дилема, ние сме усогласени со надворешната и одбранбена политика на ЕУ

Од:

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека никој не треба да има дилема во нашата усогласеност со надворешната и одбранбена политика со Европската Унија.

Ние, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата, секогаш ќе бидеме усогласени со ЕУ, но застанавме зад резолуцијата за Украина со нашиот стратешки партнер САД.

Прашањето за усогласеноста на Северна Македонија со онаа на ЕУ се отвори во јавноста откако беше соопштено дека земјава била коспонзор на Резолуцијата на САД во ОН за Украина.

– Ние застанавме со нашиот стратешки партнер, тоа се САД, а тоа не беше резолуција на ЕУ бидејќи исто така коспонзор на резолуцијата на САД е земја – членка на ЕУ, а тоа е Унгарија, така што не може да стане збор за усогласена надворешна политика на ЕУ. Нашиот став кога станува збор за усогласена надворешна политика на ЕУ, тука не треба да има никој дилема дека ние секогаш ќе бидеме бидејќи ја имаме усогласено нашата надворешна и одбранбена политика заедно со Европската унија, но во случајот тоа не беше случај. Ние застанавме позади резолуцијата и бевме коспонзори на резолуцијата на САД која што е единствената усвоена резолуција од страна на Советот за безбедност, а тоа значи дека е апликативна, рече вечерва Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите: Нека одлучи Уставниот суд

А1он

Мицкоски: И Апелација потврди дека СДС е клеветничка партија

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до советите за документ дека мигрантски кампови нема да има

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски