(ВИДЕО) Мицкоски: Администрацијата мора да донесе поквалитетни услуги за граѓаните и бизнисот

Од:

Околу 11.000 вработени во админстрацијата ќе бидат опфатени со Договорот што го постигнаа нејзините репрезентативни синдикати со Владата. Договорот ќе трае до 2028 година и за негова реализација ќе бидат потребни нешто над 10 милиони евра.

Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по средбата во Владата со репрезентативните синдикати на администрацијата, оцени дека постигнатиот Договор е храбар, историски чекор, но и напомена дека, како што Владата ќе го регулира зголемувањето на платите, така очекува и администрацијата да испорача подобри услуги за граѓаните и бизнисот.

Според Мицкоски, Договорот треба да се операционализира преку индивидуални договори.

-Со ова, Владата, како најголем работодавач, целосно воспоставува Договор со рок на траење до 2028 година и ги има регулирано односите со колегите во институциите. Ова е историски момент зашто досега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите за да дојдеме до некое достоинстевнмо ниво. Ова се тие храбри чекори што ги правиме, дури и во услови на светски и домашни предизвици кои влијаат на економијата, со домаќинско зрело и одговорно работење, истакна премиерот.

Тој потсети дека Општиот коективен договор е истечен, напоменувајќи дека Владата е подготвена да седне заедно со ССМ и КСС да испрегповара нов Општ колокетивен договор, како единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите.

-Ваква вин-вин комбинација можеме да го направиме со зрело работење и доверба која мислам дека со одредени структури во синдикатите Владата ја има и ја гради, но има структури кои никако да излезат од прегратките на некои политички партии. Јас сум задоовлен, очекувам уште многу вакви усшешни моменти понатаму, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Мицкоски: Новиот јавен обвинител да ги објави скриените документи

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

Мицкоски: Украденото мора да се врати на народот, криминалот не смее да се исплати