Мицевски: Предлог законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство пристигна во Собранието, се ќе биде јавно и транспарентно

Од:

Само што пристигна во Собранието – Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детал ќе биде јавно објавен и транспарентен, објави на својот профил на ФБ координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ – Никола Мицевски.

Ова, посочува тој, е историски договор и историска работа за нашата држава.

-Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти. После стратешкиот договор со Обединетите Американски Држави – ова е уште еден огромен успех за Република Македонија, пишува Мицевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

Мицевски: ДУИ е против независни кандидати на локалните избори, им пречи дури и прагот од 0,5 отсто

ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Коцевски

А1он

Радикални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата, вели Мицевски

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има