Мицевски: Директорот на ЈП Комуналец се расфрла со парите на граѓаните

Од:

Директорот на ЈП Комуналец од Крива Паланка, Томе Тодоровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, се расфрлал со парите на граѓаните. Со пари од јавното претпријатие директорот купил фен, пегла за коса, Мемори Дипломат душеци со вредност од 600 евра… правел гозби по ресторани и кафеани, вели Борјанчо Мицевски, претседател на ОО СДСМ Крива Паланка.

Како што покажува овој документ, само во првите 6 месеци од оваа година, Тодоровски потрошил скоро 250 илјади денари по кафеани и ресторани.

И тоа не само во Македонија, туку и во странство.

Со парите на граѓаните Тодоровски си плаќал сметки во угостителски објекти во Скопје, Куманово, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Прилеп, во соседна Србија во Врање, Белград, Врњачка Бања, Предејане, но и во Бугарија, Австрија, Германија и секаде каде што ќе стасал.

Прашањето е, со кои економски активности ќе ги оправда овие трошоци?

Членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП Комуналец не презеле ништо за расипничкото работење на директорот Тодоровски. Згора на сето ова на 03.10.2016 година, тој повторно е избран на истата позиција иако нема поднесено ниту еден квартален извештај за своето работење за тековната година. Со ова директно е прекршен член 23 од Законот за јавни претпријатија.

Во оваа прилика уште еднаш ќе побараме одговор на советничкото прашање: Со кое право лично тој од базата на регистрирани обврзници го сторнира претплатничкиот број 1089 на еден правен субјект од Крива Паланка?

Неизвесно е дали ќе добиеме одговор на сите овие прашања, но едно е извесно:

По 11 декември ќе има промени!

По 11 декември ќе има правда и ќе има ревизија за работењето на ЈП Комуналец.

По 11 декември одговорност мора да има и ќе има!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ