МЕСО: Раководството на СОНК си го покажа своето вистинско лице

Од:

Синдикатот за образованието, науката и културата (СОНК) најави дека ќе покрене судски постапки против припадниците на Наставничкиот пленум и Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО).

МЕСО, во својата реакција, пак порача дека раководството на СОНК е заинтересирано само за фотелјите, а не за заштита на работничките права и што е уште пострашно работи за да го задуши изворното организирање на вработените во образованието.

„Со најавата дека ќе покрене судски постапки против сите поединци или групи од Наставничкиот пленум и од Мултиетничкиот синдикат на образование кои го критикуваат, раководството на СОНК си го покажа своето вистинско лице. Всушност, раководството на СОНК не можеше да изнајде подобар начин како да си го уништи својот пропагандно изграден имиџ во јавноста на наводен бранител на правата и интересите на вработените во образованието.

Секоја синдикална бирократија е заинтересирана само за своите фотелји, а не за заштитата на работничките права. Таа не сака да го поттикнува изворното организирање на работниците во својата сфера на делување, туку сака да го задуши. За да оневозможи некој да ги загрози нивните фотелји. Оттука, и најмалата критика на нејзиното делување се сфаќа трагично и е причина таа да возврати со притисоци и закани со тужби.

Му порачуваме на раководството на СОНК дека не му се плашиме! Напротив, ја поздравуваме нивната реакција од која јавноста доста јасно може да заклучи дали раководството на СОНК навистина е заинтересирано за заштита на правата и интересите на вработените за образованието. Дојде времето да се изгради автентично синдикално движење во образованието. Мултиетничкиот синдикат на образование е подготвен да се вклучи во тој процес. Заканите на раководството на СОНК не не’ заплашуваат, туку не’ убедуваат дека сме на вистинскиот пат.“, стои во реакцијата на МЕСО.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март