Меморандум за соработка во воздухопловството помеѓу Македонија и Молдавија

Од:

Македонија и Молдавија ќе ја зајакнуваат соработката во  воздухопловството,  предвидува Меморандумот за разбирање што го потпишаа денеска во Париз директорите на македонската Агенција за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски и на молдавската Цивилно воздухопловна власт Лурие Армаш.

Според АЦВ, со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата.

Меморандум ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување како и сегментите поврзани со националните надзорни власти и службите за воздушна навигација, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство

Ана Ололовска

Подобар и побезбеден проток на податоци во воздухопловството

Ана Ололовска

ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

Ана Ололовска

Сингапур ќе го поддржи македонското воздухопловство

Наум Локоски

Воздухопловната бригада при АРМ прослави 25 години од основањето

Ана Ололовска

Во Прилеп се одржува светски куп во воздухопловно моделарство

Ана Ололовска