Меморандум за соработка помеѓу средното училиште „Наце Буѓони“ и Ван Хул Македонија

Од:

Кумановското средно стручно училиште ,,Наце Буѓони’’, склучи Меморандум за соработка со компанијата Ван Хул Македонија, со кој се предвидува заедничка соработка, преку која учениците ќе се стекнат со практични знаења, а компанијата ќе обезбеди стручен и квалификван кадар, соопштија денеска одговорните од училиштето.

Учениците од завршните години на електротехничката и машинската струка ,,Наце Буѓони’’ ја посетија фабриката за производство на автобуси, сместена во индустриската зона во Илинден, Скопје каде се запознале со начинот на фукционирање на компанијата, производствениот процес како и условите при работа на вработените. Воедно, како идни потенцијални вработени се запознале и со начинот на аплицирање за слободните работни позиции и условите за практикантска обука

– Во стручното образование секогаш има потреба од соработка со бизнис секторот, бидејќи тоа придонесува за усовршување на знаењата и вештините кај учениците во текот на образованието, а воедно претставува и дополнителна мотивација за учениците, бидејќи по завршување на средното образование ќе се стекнат со вештини потребни за работниот процес и ќе се поконкурентни на пазарот на трудот. Нашето училиште секогаш е отворено за соработки од ваков вид, изјави директорката на училиштето, Лидија Михајловска.

Соработката меѓу училиштето и компанијата ќе се реализира на повеќе полиња од аспект на користење на расположливите ресурси и стекнатите искуства, а активностите ќе содржат презентирање на практично искуство и инструкции од страна на вработените на Ван Хул на учениците од ,,Наце Буѓони’’ во сфера на образовните профили и струки, техничар за компјутерско управување, машинско – енергетски техничар, машински механичар, електротехничар енергетичар.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март