Меморандум за соработка меѓу универзитетите „Свети Апостол Павле“ од Охрид и „Ангел Канчев“ од Русе

Од:

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и Универзитетот „Ангел Канчев“ од бугарскиот град Русе потпишаа Меморандум за соработка.

Склучениот Меморандум предвидува поддршка и трансфер на искуства околу воспоставувањето на соодветна институционална рамка за соработка помеѓу универзитетот и индустријата, заеднички настап и студиска размена во рамките на Програмата „Еразмус+“, како и поддршка при зачленувањето на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид во меѓународни асоцијации на универзитети.

Ректорот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“ Нинослав Марина по повод договорената соработка појасни дека се договорени конкретни активности на повеќе полиња, со лична оценка дека од најголемо значење за охридската високообразовна институција ќе биде споделувањето искуства во насока на основање на Центар за развој на иновации, технологии и претприемништво во рамките на новиот кампус на УИНТ што треба да претставува врска помеѓу потребите на стопанството и активностите на универзитетот во насока на поддршка на економскиот развој.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март