Меморандум за соработка меѓу Филозофскиот факултет и музеи од Македонија и Босна

Од:

Филозофскиот факултет-Скопје, Археолошкиот музеј на Македонија, Музејот на Македонија, Музеј на Град Скопје и Земаљски музеј на Босна и Херцеговина од Сараево денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Потписници се деканот на Филозофскиот факултет Горан Ајдински и директорите на четирите музеи: Весела Честоева, Мирјана Нинчовска, Томислав Микулчиќ и Марица Филиповиќ.

– Меморандумот е потпишан за да се овозможи ефикасна и координирана соработка меѓу наведените институции, втемелена на платформа на заемна доверба и разбирање која ќе опфаќа низа активности кои се од интерес и полза за сите страни од областа на археологијата, историја на уметности за научно-истражувачка дејност, изложбени активности, издаваштвото, набавка на публикации, соработка при организација на настани и практична настава за студентите на Филозофскиот факултет, соопшти Филозофскиот факултет каде што денеска е потпишан меморандумот.

Иницијатор за потпишување на меморандумот е вршителот на должност во Амбасадата на РМ во Сараево Александар Крстевски и Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Босна и Херцеговина во Македонија Лепа Бабиќ.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование