Меѓународно оценување на македонски ученици

Од:

Република Македонија од денеска се вклучува во Програмата за меѓународно оценување на учениците ПИСА 2015, една од најчесто користените алатки во светски рамки за мерење и оценување на практично применливото знаење  на учениците во образовниот систем во матичната земја.

Оценувањето, што ќе се спроведе во повеќе од 60 држави од целиот свет го реализира Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД на секои пет години. Согласно правилата, прво следи пробно тестирање во сите пријавени земји, кое кај нас ќе се реализира денеска во 10 часот.

– Резултатите кои се добиваат од ПИСА тестирањето претставуваат студија за параметрите на образовниот систем на една земја која овозможува компарација на квалитетот на образованието со други земји, но пред се претставува добра подлога за иницирање образовни реформи во насока на подобрување на квалитетот на платформата за стекнување практични вештини и способности на учениците, појасни на прес-конференција министерот за образование и наука Ристовски.

Пробното тестирање ќе се спроведе на македонски и албански јазик на репрезентативен примерок од 1.500 ученици во 38 средни училишта во земјата, а во 2015 година ќе се спроведе официјалното ПИСА тестирање со кое ќе бидат опфатени ученици кои навршиле 15 години, а се запишани во сите јавни и приватни средни училишта.

Официјалното тестирање освен на македонски и албански ќе се спроведе и на турски јазик. Знаењето и способностите на учениците ќе се мерат во три подрачја и тоа способеност за читање со разбирање и критички пристап во читањето на пишаните материјали, математичка писменост и писменост во природните науки.

Тестирањето ќе го реализира Државниот испитен центар во соработка и со поддршка на МОН за што во април месец одржана е обука за психолози и педагози во избраните училишта за начинот на негово спроведување. Учениците се тестираат одговарајќи на прашања содржани во стандардизирани прашалници и тестови, а резултатите од тестирањето немаат никакво влијание на нивниот успех.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование