Меѓународен ден на балканските Египќани

Од:

Во Охрид денеска се одбележа Денот на балканските египќани – 24 јуни. По тој повод на централниот настан се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски кој рече дека определба на Владата е да гради едно општество за сите што подразбира еднаквосст во правата и можностите на сите заедници.

– Новите културни политики ќе дејствуваат во правец на децентрализација на културата, развивање на можности таа да допре до секој граѓанин без оглед на припадноста и местото на живеење, како и создавање нови моности за вистинско и суштинско унапредување на културата на сите заедници со особена грижа кон оние заедници кои подолго време беа запоставени, игнорирани и речиси заборавени, рече Алаѓозовски.

Одлуката за одбележување на Меѓународниот ден на балканските Еѓипќани е донесена во 2010 година во Струга на Вториот конгрес на Сојузот на балканските Египќани. На овој ден во 1990 година во Охрид, е одржано првото Собрание на една општествено-политичка организација на Балканот, која се заложи за сочување на етничкиот идентитет и заштитата на правата на оваа заедница.

Египќаните на Балканот се дојдени како колонисти да ископуваат и експлоатираат метали во 13 век п.н.е. Припаѓаат на семејството на семитско-хамити народи, а зборувале на староегипетски јазик, кој денес е изгубен. За колонизацијата на Египќани на Балканот има сведоштва скоро кај сите антички автори, но и богато археолошко наследство. За време на преродбеништвото во 19. век. Египќаните за прв пат се спомнуваат во весникот „Македонија“ што излегувал во Цариград во 1867 година, а текстот е пишуван од еден Египќанец од Прилеп. Денес се претпоставува дека на Балканот живеат околу еден милион Египќани, најмногу во Грција, Албанија, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но ги има и во Турција и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Спасовски се сретна со делегација составена од претходните претседатели на Здружението на Египќаните

Ана Ололовска

Професорот Земон на меѓународна конференција во Елбансан

Ана Ололовска

Честитка од Заев по повод Меѓународниот ден на балканските Египќани

Ана Ололовска

Меѓународен ден на балканските Египќани

Ана Ололовска

Здружението на Балкански Египќани со осуда за поддршката на ВМРО-ДПМНЕ од нерегистрираната „НВО Коалиција на Египќани“

Ана Ололовска