Меџити: Чаир ќе добие подземни контејнери и 3.000 нови паркинг места

Од:

Кандидатот за градоначалник на Чаир од коалицијата Вреди, Изет Меџити, најави капитален проект за целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери низ целата општина, во рамки на иницијативата „Чаир без отпад на улиците“. Проектот, со буџет од 120 милиони денари и рок на имплементација од 36 месеци, има за цел да го трансформира Чаир во чиста, зелена и модерна општина.

– Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредени јавни површини не смее да бидат дел од секојдневието на Чаир. Денес сме тука да понудиме конкретен и остварлив план за модернизација на комуналната хигиена – рече Меџити.

Првиот столб од проектот е инсталирање на подземни контејнери кои ќе го елиминираат визуелното загадување, ќе ослободат јавен простор и ќе спречат ширење непријатни миризби. Според Меџити, еден подземен контејнер ќе може да замени пет до шест стандардни контејнери, со што ќе се подобри ефикасноста на празнењето и ќе се спречи расфрлањето отпад.

Проектот ќе се реализира во фази, почнувајќи од најкритичните точки во општината. Во моментов функционираат пет подземни контејнери, а наскоро ќе биде поставен шести на улицата „Методија Митевски“ во Топанско Поле.

Вториот столб од проектот е стратешко партнерство со Град Скопје и „Комунална хигиена“, а третиот е подигање на јавната свест и работа со граѓаните и невладиниот сектор.

Меџити најави и изградба на 3.000 нови паркинг места, со што ќе се надополни веќе обезбедените 1.000 нови места во претходниот мандат.

Би можело да ве интересира

Власта ќе биде на една страна, јас на друга – Села му одговори на Меџити

Се официјализира соработката на ВРЕДИ и Изет Меџити за Мирослав Лабудовиќ во вториот круг од изборите

Горан Наумовски

„Ми се јавуваа пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир“

Катерина Ѓуровски

Нека ви се честито дивоградбите, Арсовска по средбата Ѓорѓиевски-Меџити

Катерина Ѓуровски

Средствата за чистење на малата депонија во ОХИС се пренаменети за кампањата на Меџити, обвинија од Движењето Слободни и независни

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ