Меџити наместо да ги разреши директорите, бара разрешување на министерот за образование

Од:

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по упатениот предлог на Државниот просветен инспекторат до него да ги разреши директорите на училиштата, одговори дека наместо тоа, ќе побара разрешување на министерот за образование и наука Панче Кралев. Прочината според него е што министерот не ги разгледал навремено барањата на општината за промена на училишните имиња.

„До министерот одамна имаме упатено барање за промена на имињата, но тој нè игнорираше со години, а експресно реагираше кога сами ги променивме. Бараме негово разрешување затоа што го крши законот, поточно член 77 од Законот за локална самоуправа кој вели дека ако во рок од 60 дена не се одговори на барањето, одлуката која сме ја донеле ќе се смета за позитивна. Затоа што министерот нè игнорираше, ние сега ќе почнеме со судска постапка до министерот за непочитување на законската легислатива“, изјави Меџити.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on