Мециновиќ: Пратениците не се откажаа од енормните суми за патни трошоци

Од:

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа Законот за ограничување на патните трошоци на пратениците што го предложи Левица, така што ќе ја продолжат праксата со злоупотреба и наплаќање на енормни суми, а своевремено им ги укинаа патните трошоци на работниците, велат од Левица.

– Нудиме насушно потребно ограничување на патните трошоци. Јавноста веќе долго го артикулира овој проблем и директно влијае врз достоинството на Собранието, пратениците и политичкиот систем. Како анти-естаблишмент партија, ние пробуваме да го вратиме она што народот некогаш го имаше – политичка моќ. Овие кои денес ја владеат државата ВМРО-ДПМНЕ, токму нивниот министер или фридманист – Трајко Славески ги укина патните трошоци за работниците”, истакна Амар Мециновиќ, пратеник и портпарол на Левица, по однос на Предлог-законот за ограничување на патните трошоци, предложен од пратеничката група на Левица.

– Ние, драги пратеници, ви нудиме конструктивна равенка. Да беше популистички овој закон, ќе ви поднесевме повторно укинување на патните трошоци што, патем, претходниот мандат, ДПМНЕ го гласаше, кога СДС беше на власт – потсети Меџиновиќ.

– Ние сега, на основа на конструктивност, ви нудиме равенка да се пресметуваат патните трошоци. 6,5 литри на секои изминати 100км. Затоа што сега противзаконската одредба погрешно се толкува, затоа и цицате пари за армотизација, цицате пари за патарини! Со оваа наша одредба, еднаш засекогаш, јасно да ги дефинираме патните трошоци, за да не можете вие да се богатите, на основа на вашата фрустрација што не сте Министри – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката