Мециновиќ: Одмаздољубие и суета се главни мотиватори на нашиот државен врв

Од:

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, преку својот Фејсбук профил повторно реагираше на загрижувачката ескалација на политичкото насилство во државата и молкот на институциите по последниот напад врз градоначалничката на Скопје. Тој упати јасно предупредување за тоа колку е опасно насилството да се нормализира и какви последици тоа може да има:

Поопасно отколку што се чини и зошто реакцијата на Мицкоски е загрижувачка:

Политичкото насилство е опасен и лизгав терен – ако не се спротивставиме веднаш и недвосмислено, лесно може да прерасне во поширока спирала на страв, репресија и уривање на владеењето на правото.

Кога власта нема решителност да го спречи првото дело на политичко насилство, тоа станува сигнал дека такво однесување е дозволено. Тогаш следи второ дело – посмело, појавно, поттикнато од чувството на неказнивост. Насилството станува алатка, а не исклучок и се нормализира во политичкиот живот. Институциите се повлекуваат, граѓаните се заплашуваат и наместо дијалог, владее заканата.

Напад на градоначалник на главен град е неизмерно ретка појава. Оние неколку напади на градоначалници на големи градови во Европа кои ги има забележано историјата, посочуваат на опасноста од оваа спирала и зошто е потребно сега, повеќе од кога било, да го осудиме нападот врз Арсовска.

– Во 2019 година, Павел Адамович од Гдањск, избоден и убиен;

– Хенриете Рекер во 2015 година во Келн, нападната со нож;

– Јани Бутарис во Солун во 2018 година, физички нападнат; и уште малку примери од континентот, со исклучок на случувањата поврзани со Украина, каде насилството е воено.

Во сите овие инстанци, лидерите на државите застануваат во одбрана на жртвите на насилството, осудувајќи ги напаѓачите – попречувајќи го патот кон ескалација. Но, очигледно во Македонија, нашите лидери се чувствуваат моќно и сакаат да ја насочат политиката кон насилство додека имаат контрола врз репресивниот апарат. Просто, Мицкоски и Тошковски не го осудија нападот.

Министерот за внатрешни работи, како прва институционална брана против политичката агресија, ја компромитира својата улога со тоа што не реагира решително и транспарентно. Неговата функција не е само техничка, туку и етичка – да гарантира дека ниту еден граѓанин, нема да биде жртва на неказниво насилство. Затоа, објективна и неопходна е неговата оставка, како институционална одговорност за заштита на јавната безбедност.

Одмаздољубие, суета и желба за потчинување се главни мотиватори на нашиот државен врв. Мицкоски и Тошковски ни укажаа дека службите под нивно водство реагираат единствено ако сте со нив – ако не сте, не се надевајте.

Напад на градоначалник на главниот град е повод за институционален земјотрес, иако премиерот и министерот се однесуваат како да треба да го прифатиме ова како ново нормално во нивната репресија” – напиша Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

„Општината е како гасна комора“ – Активисти на Левица делеа маски на театарскиот фестивал во Аеродром

Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

А1он

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Манасиевски: Над 700 илјади денари Апасиев ставил во неговиот џеб од парите на партијата Левица, пари кои ги добива од граѓаните преку Буџетот на државата

Левица ги промовира новите десет кандидати за градоначалници

А1он

Апасиев до Мицкоски: Колку кеш од агенцијата за обезбедување на кочанската дискотека завршија во касата на ДПМНЕ?