Мециновиќ: Љутков нема одговор за непочитувањето на Законот за македонски јазик

Од:

„Честит Ден на македонскиот јазик, но не толку и на Законот за употреба на македонскиот јазик – на први април му поставив писмено пратеничко прашање на министерот за култура Зоран Љутков за обврска која произлегува од законот, и тоа: зошто државните институции сѐ уште немаат вработено лектори, иако тоа е предвидено да се случи во рок од една година?“ пишува на социјалните мрежи пратеникот од Левица – Амар Мециновиќ.

Според него, „Прво, властите имале обврска да формираат Инспекторат за употреба на македонскиот јазик во рок од три месеци од донесувањето на законот изгласан на почетокот на јануари 2024 година. Огласот за Инспекторатот е завршен дури на 10-ти март 2025 година“.

„Второ, во рок од една година сите државни институции имале обврска да вработат лектори, што и понатаму е далеку од реалноста. И трето, министерот Љутков иако требаше да ми одговори на ова прашање до седницата за пратенички прашања од крајот на минатиот месец, одговор сѐ уште нема” – пишува Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Топол“ пречек за Марк Руте денеска во Собранието на Македонија, од страна на пратениците од Левица

Горан Наумовски

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола