Мециновиќ: Интересите на трудот ги ставате под интересите на вашето милионерско размислување

Од:

Вие настапивте со парола која велеше „Македонија повторно твоја“, имплицирајќи на народот. Но, дали Македонија е сега на експертската јавност која е во овој процес потполно заборавена? Дали Македонија е на академската фела која се бави со оваа проблематика и која требаше да се вклучи во една ваква одлука? Јас верувам дека не е! Туку е повторно зграпчена во канџите на политичката и бизнис – елита, која сега го смени рувото за да го носи дресот на ДПМНЕ. Истата политичка елита која го поддржува триглавиот кербер на трите партии кои владеат со нас, а се чувари на пеколот во кој го имаат втурнато македонскиот народ, се вели во реакцијата на Амар Мециновиќ, пратеник на Левица.

„Вие, драги колеги, се однесувате како да имате божји мандат, а не народен мандат! Во Македонија овој парламент не е на народот, туку на авторите на вашите законски решенија, на вашето парламентарно мнозинство кое одлучи во три саат сабајле да ја менува структурата на државниот апарат и најбитно – на елитата која ве спонзорира. Очигледно е дека овие реструктуирања се битни за вашите министерски места да можете да ги подмирите помеѓу коалицијата, но она што не се збори е дека на брза лента сè ставаме, затоа што треба да се подмират долговите кон елитите кои вас ве спонзорираа. Вие ова го правите за да може да отпочне шемата на оддолжување. Економскиот развој го поимате преку кварталните извештаи на вашите фирми и на фирмите на блиските до вас. Така ја поимате економијата, ако имаме профит тоа е тоа – економијата расте. И вие, интересите на трудот ќе ги ставите под интересите на вашето милионерско размислување!”, вели Мециновиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

(ВИДЕО) Мециновиќ: Буџетот за 2025 е „уличарски“ – наменет за прикривање на неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Буџетот за 2025 е рај за олигархијата, а пекол за обичните граѓани

(ВИДЕО) Мециновиќ: Домувањето не смее да биде бизнис ниту луксуз

Левица до Собранието поднесе декларација за признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски