Мециновиќ: Имаме јасен избор – статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме

Од:

Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, на својата прва прес-конференција по влезот во вториот круг од локалните избори, остро реагираше на, како што рече, „недемократскиот преседан“ создаден од институциите под политичка контрола, особено АВМУ.

– Ова е без преседан во историјата на изборите во Македонија. Само еден кандидат има пристап до билборди, медиумски простор и рекламирање, додека другиот, кој доби поддршка од скопјани е целосно исклучен од тој простор, рече Мециновиќ, додавајќи дека ова е аларм за демократијата и ќе биде евидентирано во меѓународните извештаи.

Мециновиќ ја истакна потребата од демократизација на општеството, критикувајќи ја, како што вели, „апсолутната власт“ на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, и повика на прекин на, како што рече, тоталната репресија врз јавниот интерес.

-Скопјани сега имаат избор меѓу системот кој 30 години го истрошува градот и нова визија која не е поврзана со бизнис-интересите, рече тој.

Мециновиќ нагласи дека е подготвен за соработка со централната власт и со сите советнички групи во Советот на Град Скопје, без разлика на исходот од изборите.

-Ние немаме намера да го блокираме градот, дури и ако не победиме. Ќе бидеме конструктивна опозиција, рече Мециновиќ, додавајќи дека градоначалникот треба да биде израз на политичка волја, а не приватен интерес.

На крајот, тој најави продолжување на теренските активности и порача дека кампањата не се однесува на него, туку на визијата за Скопје. Имаме јасен избор, статус кво или промена која сите заедно ќе ја изградиме, додаде Мециновиќ.

Во врска со можната поддршка од други политички партии, рече дека очекува поддршка првично од, како што вели, сите здраворазумни скопјани, особено од оние кои беа на работ дали да гласаат или не во првиот круг.

Мециновиќ воедно упати и директен апел до гласачите на СДСМ.

-Иако партијата е во политичка криза, таму има многу луѓе кои ја делат визијата што јас ја претставувам. Ги повикувам сите кои ја поддржаа госпоѓата Каја Шукова во првиот круг, да ме поддржат мене во вториот, повика тој.

На прашањето за дебата со Орце Ѓорѓиевски, истакна дека го повикува противкандидатот пред Школка во парк, вон студиски простории во, како што рече, неконтролирани услови, на дебата на која ќе имаат право сите национални и територијални медиуми со различни уреднички редакции.

Би можело да ве интересира

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Левицата: Радикално кратење на земјоделските субвенции

Горан Наумовски

Левица: Дафина Стојановска итно да си поднесе оставка – пратеничката функција е сосема спротивно од ова што таа го демонстрира

ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за заштита од отказ на бремените работнички

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Левица: Режимот на ДПМНЕ со демнење и следење демонстрира сила наместо да одговори како се преживува со 400 евра плата