Мециновиќ: Борбата на Левица е борба на Давид против Голијат

Од:

„Мило ми е што се гледаме денеска, овде. Немам спремено говор, ама може да се задржиме едно три саати“, со овие зборови го започна својот говор кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, на отворање на изборниот штаб на Левица во Центар.

Со мотивирачки говор тој зборуваше за текот на кампањата, предизвиците и енергијата која партијата ја вложува во овие избори.

Мециновиќ оцени дека најтешкиот дел од изборната трка, односно почетокот и преткампањата се веќе зад нив. „Сега, кога сме веќе во средиштето на кампањата, темпото е прилагодено и супер ни оди“, рече тој и додаде дека Левица, за разлика од претходните избори, сега знае каде ја трошела енергијата на претходните избори без да добие конкретни резултати и не се расплинува на неефективни методи.

„Тоа ни го даде искуството и ништо друго. Искуството кое ние сами го создаваме, искуството кое не ни е поклонето ни преку агенции, ни преку фирми за пи ар, ни преку политолошки анализи. Ние тоа го правиме сами, опипувајќи го пулсот на нашиот народ“, рече Мециновиќ.

Тој борбата на Левица ја спореди со борбата на Давид против Голијат и додаде дека ова што го прават е најголемата политичка борба, во изминатите триесет години во Македонија, во која големите политички играчи ги имаат сите финансиски и државни капацитети на нивна страна. „Во оваа кампања мислам дека ни стана на сите јасно дека го немаат нашиот ум, ја немаат нашата креативност и ја немаат нашата желба за промена, вистинска и реална промена. Многу е убаво чувството за овие избори, затоа што мислам дека го даваме максимумот, а тоа се гледа“.

Мециновиќ сподели и впечатоци од терен нагласувајќи дека граѓаните сега се многу поотворени и понаклонети кон Левица, а според него тоа е и резултат на нивното праламентарно делување, затоа што мандатот што го добиле на најдобар начин го исполнуваат во корист на граѓаните.

„Некој да ни збореше, пред четири години, дека ние сме потенцијален фаворит пред СДСМ за да влеземе во втор круг во Град Скопје, тоа не би му верувале. Јас мислам дека скопската кампања ќе донесе позитивни резултати за сите скопски општини. Ќе згазиме, секој ден ќе бидеме на терен, помеѓу граѓаните. Вие ќе бидете нови сили во советот. Левица веќе не е партија на јабанџии, ова е партија која ќе го детронизира монополот на ВМРО и СДСМ“, им порача Мециновиќ на кандидатите за советници.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее

Апасиев: Хендикеп не е да си борец, хендикеп е да си привилегиран примитивец

Мециновиќ: Ова е генерациска борба на непривилегираните – отчукува нивното време, сега ние сме на потег

Горан Наумовски